Достапни линкови

Египет- Сиси го презема вториот претседателски мандат


Aрхивска фотографија- претседателот на Египет Абдел Фатах ел-Сиси

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси денеска во Каиро го презема вторниот четири годишен претседателски мандат. Сиси беше реизбран во март, а немаше сериозен против кандидат.

Сиси кој порано беше шеф на војската ја презеде функцијата од урнатиот преку пуч Мухамед Морси во 2013 година. Поддржувачите на Сиси велат дека тој воспоставил мир и стабилност по години немири, но опонентите го обвинуваат за притисоци врз неистомислениците и медиумските слободи.

XS
SM
MD
LG