Достапни линкови

САД го поддржуваат напредокот во спорот за името, рече американскиот амбасадор во Грција


Архивска фотографија- амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајет

Како столб на стабилноста во регионот и на трговските и културни патишта, како и растечка енерегетска крстосница Грција има стратегиска улога во напредокот и безбедноста на поширокиот регион, рече амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајет во обраќањето на Форумот за соработка на Балканот и Црното море што се одржа вчера во Атина. Како што пренесува агенцијата АНА-МПА амбасадорот го поздравил и напредокот постигнат во преговорите меѓу Скопје и Атина за прашањето за името.

“Грција и САД делат силна визија за подлабока интеграција на Западниот Балкан во европските и евроатлантските институции и во таа смисла силно го поддржуваме и го поздравуваме неодамнешниот напредок за прашањето за името во кое е клучот за продлабочување на подлабоки економски и глобални врски меѓу Грција и Западниот Балкан” рече Пајет.

XS
SM
MD
LG