Достапни линкови

Јанкулоска со отворено писмо до Дескоска и Царовска


Архивска фотографија- поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на судење

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која сега е обвинета во повеќе случаи преку отворено писмо до министерките за правда и за труд и социјала Рената Дескоска и Мила Царовска, денеска побара, како што пишува, “остварувањето на нејзините права во областа на судството и заштита на правата на децата и жените”.

Јанкулоска, која е во поодмината бременост, пишува дека тие права и се грубо повредени и дека од министерките бара во рамките на нивните надлежности да преземат соодветна акција со цел непречено остварување на нејзините права кои се загарантирани со националното законодавство и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот на РМ.

Заеднички именител, како што наведува поранешната функционерка, на повредите на нејзините човекови права било постапувањето на судечкиот совет чиј претседател е судијата Добрила Кацарска во случајот Тенк поради што таа била загрижена дека во следниов период претстоела сериозна закана за нејзиното здравје и за здравјето и животот за нејзиното се уште неродено дете. Јанкулоска вели дека иако веќе е во деветтиот месец од бременоста и има реална спреченост да присуствува на судењата и дека согласно законско право отворила породилно отсутсво и доставила документација, судијката наредила вештачење на нејзината состојба.

Поранешната министерка ги обвинува судијата и Специјалното јавно обвинителство за бескрупулозност со која се повредувале повеќе меѓународно загарантирани права и домашни права и бара од министерките да сторат се што е во нивна надлежност.

“Сега е вистински момент од осмомартовски флоскули, фрази и маршеви за заштита на правата на жената да се премине на дела, да се побара одговорност и да се покаже вистинска грижа, која ќе ги убеди граѓаните дека не живееме во земја од третиот свет туку во земја со апсирации за евроатлански интеграции”, пишува Јанкулоска.

Поради отсуство на Јанкулоска вчера се одложи судењето против неа за случајот „Тенк“, односно за блиндирнаиот Мерцедес за кој постапката за неа беше одвоена во април поради бременоста. Дел медиуми јавија дека судијата побарал вештачење на Клиниката за гинекологија.Поради здравствената состојба на поранешната министерка вчера беше одложено и судењето за „Титаник“ за изборните нерегуларности.

XS
SM
MD
LG