Достапни линкови

Трамп се сретнал со најблискиот советник на севернокорејскиот лидер


Aмериканскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на 12 јуни.

Белата куќа претходно соопшти дека Трамп лично се сретнал со најблискиот помошник на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Јонг Чол. Тој требаше на Трамп да му го предаде писмото од лидерот на неговата земја. Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс соопшти дека Трамп и државниот секретар Мајк Помпео денеска се сретнале со претставникот на Пјонгјанг и оти на средбата во Овалната соба присуствувал и советникот за национална безбедност, Џон Болтон.

Ким Јонг Чол, кој е највисокиот севернокорејски претставник кој ги посетил САД во изминатите речиси две децении, вчера се сретна со Помпео во Њујорк, каде што разговарале за можниот Самит меѓу лидерите на двете земји во Сингапур на 12 јуни. Стејт департментот вчера соопшти дека разговорите завршиле за кратко време, затоа што „бил постигнат напредок“.

XS
SM
MD
LG