Достапни линкови

Евроскептичниот популист Џузепе Конте - нов премиер на Италија


Новиот италински премиер Џузепе Конте

Евроскептичниот популист Џузепе Конте денеска положи свечена заклетва како нов премиер на Италија. Владината коалицијата на Движењето 5 ѕвезди и партијата Лига беше формирана по тримесечниот ќорсокак. Таа е мешавина од анти-естаблишмент и десничарски министри, но и политичари кои и претходно биле на функции.

Паоло Савона, кој беше одбиен од претседателот Серџо Матарела како предлог за министер за економија поради неговото непријателство кон еврото, положи заклетва како министер за европски прашања.

Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, му честита на Конте, велејќи дека неговиот избор доаѓа во „клучен момент за Италија и за ЕУ“, кога се неопходни единство и солидарност за надминување на заедничките предизвици. Туск го повика Конте и неговата влада на соработка со европските партнери.

XS
SM
MD
LG