Достапни линкови

Ќе се заживува мировниот процес во источна Украина


Украински војник во регионот Доњецк

Претставниците на Германија, Франција, Украина и на Русија на 11 јуни во Берлин ќе се состанат да се обидат да го заживеат замрениот мировен процес во источна Украина, рече денеска германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас. Тој ова го изјави при посетата на градот Мариупол во источна Украина, кој е под владина контрола, во придружба на неговиот украински колега Павло Климкин. Маас рече дека е задоволен што шефовите на дипломатиите на четирите земји ќе разговараат за идниот развој на Украина.

Во војната во источна Украина од 2014 година загинаа над 10 илјади луѓе.

Лидерите на Украина, Русија, Германија и на Франција во 2015 година во Минск договорија мерки за окончување на конфликтот, но Киев и сепаратистите постојано се обвинуваат за прекршување на примирјето.

XS
SM
MD
LG