Достапни линкови

Падна владата на Рахој, Педро Санчес е нов шпански премиер


Маријано Рахој заминува од парламентот во Мадрид откако му беше изгласана недоверба

Шпанскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на премиерот Маријано Рахој, по барање на опозициската Социјалистичка партија, затоа што Народната партија на Рахој беше вмешана во корупциски скандал. Лидерот на Социјалистите, Педро Санчес е избран за нов премиер на Шпанија. Наредната недела тој треба да го предложи новиот состав на владиниот кабинет.

Рахој е првиот премиер во современата шпанска историја кому му е изгласана недоверба во парламентот. Тој беше премиер од 2011 година.

Санчез обезбеди мнозинство, откако ја доби поддршката од повеќе помали партии, меѓу кои и Баскиската национална партија. За недоверба на владата гласаа 180 пратеници, додека 169 беа против, а еден воздржан. Социјалистите имаат 84 места во 350-члениот парламент.

До гласањето за недоверба доаѓа откако минатата недела еден од поранешните благајници на Народната партија беше осуден на 33 години затвор за примање мито, перење пари и затајување данок. Случајот се воедеше за тајните фондови на Народната партија водени од 1999 до 2005 година. Санчес рече дека Рахој не презел одговорност за вмешаност на неговата партија во скандалот.

XS
SM
MD
LG