Достапни линкови

Ким Џонг-ун ќе се сретне и со Путин?


Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека е разговарано за можноста за одржување состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокројскиот лидер Ким Џонг-ун.

„Да, може да дојде до одржување состанок, а модалитетите и времето ќе бидат договорени преку дипломатски канали“, рече Песков.

Неколку часа пред изјавата на Песков, неколку западни медиуми објавија дека веќе неколку дена се договара средба Пјонгјанг - Москва на највисоко ниво.

XS
SM
MD
LG