Достапни линкови

Груби: Опозицијата да ги поддржи реформите и преговорите за името


Пратеникот на ДУИ Артан Груби даде поддршка на Владата и на изборот на новите министри и од собраниската седница ја повика опозицијата да ја даде својата поддршка и да се приклучи во реформите и во решавањето на спорот со името.

По изборот, според Груби, оваа Влада настапила храбро и успеала да ја врати довербата на граѓаните во институциите, што е најголема нејзина придобивка.

Според него, успех е и носењето на Законот за јазиците со што се заокружил Охридскиот рамковен договор.

XS
SM
MD
LG