Достапни линкови

Вебингер: Се формира балканска мигрантска „рута на џамиите“


Шефот на групата за азил и човекови права во австриското Министерство за внатрешни работи, Петар Вебингер, предупредува дека моментно се формира нова мигрантска рута - „џамиска рута“ во која џамии нудат поддршка за мигранти.

Тој е уверен дека зголемениот број бегалци води кон тензична ситуација која нема да се развие така драматично како во 2015 година иако постои слично голем потенцијал во кризните региони.

Експертот на австиското министерство гледа ризик од голем бран во идната година ако не бидат преземени потребни подготовки.

Според него, новата балканска рута што моментно се формира, води преку Албанија, Црна Гора или Србија, БиХ и Хрватска, а експертите ја нарекуваат „џамиска рута“ бидејќи џамии долж таа рута им даваат поддршка на бегалците при нивното движење.

XS
SM
MD
LG