Достапни линкови

Грчки медиуми: Еден телефонски разговор ги дели Заев и Ципрас од договор


За денеска најавениот телефонски разговор меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас е во фокусот на грчките медиуми кога се работи за темите поврзани со преговорите за името, јави МИА од Атина.

„Алексис Ципрас очекува телефонски повик од неговиот колега Зоран Заев, а кругови од Министерството за надворешни работи даваат 90 отсто веројатност тоа да се случи денеска. Владини извори за реал.гр велат дека се „наоѓаме во крајната фаза“ и „очекуваме да видиме дали премиерот на ПЈРМ ќе го каже конечното да за да има напредок“,пишува порталот Реал.

„Еден телефонски разговор ги дели Ципрас и Заев од договор за името. Телефонски повик што веројатно ќе се оствари денеска за да се закаже тет-а-тет во Преспа“, пишува онлајн изданието на весникот „Та неа“.

„Следниот, очекуван чекор е телефонски разговор меѓу двајцата премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев, што може да се оствари дури и во следните часови“, пишува „Катимерини“.

XS
SM
MD
LG