Достапни линкови

Над 6 милиони Романци прислушувани од 2005 до 2016 година


Романската служба за разузнавање прислушувала телефоните на над шест милиони луѓе во периодот од 2005 до 2016 година, соопшти на прес-конференција Клаудиу Манда, претседател на Комисијата за контрола на Романската служба за разузнавање.

„Ограничувањето на гарантираните уставни права и слободи на граѓаните се извршувало во голем обем“, изјави Манда при претставувањето на Извештајот на Космисијата.

Манда посочи дека меѓу прислушуваните биле сите членови на владата и околу 100 пратеници и сенатори.

XS
SM
MD
LG