Достапни линкови

Пописот во Македонија ќе се спроведе од први до 21 април 2020 година


Пописот на населението во Македонија во 2020 година ќе се спроведе од 1 до 21 април. На терен ќе бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи, а овој пат ќе се користи комбиниран метод што подразбира покрај корисење податоци на терен, и податоци од регистри. Се проценува дека оваа операција ќе чини 8,5 милиони евра.

Ова го наведува директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за МИА. Тој рече дека жали што пописот во 2011 година бил неуспешен, и дека тие како институција ќе го носат тој товар.

„Сеедно кои биле и какви биле причините овој срам ќе си го носиме уште долго време. Таа вина беше поради тоа што дозволивме или ги отворивме ширум портите за влегување на политиката во пописот. Тоа е нешто што не смееме да си го дозволиме, барем додека сум јас тука и тврдам дека тоа нема да се случи. Може ќе има обиди секакви, меѓутоа ќе истраеме такво нешто да не дозволиме, туку да биде тоа што треба да биде – статистичка операција и ништо повеќе“, вели во интервјуто Симовски.

Новина покрај комбинираното прибирање на податоците, во пописот ќе биде и тоа што нема да се користат хартиени прашалници, туку пописот на терен ќе се спроведува со користење лап-топ и се надева дека со тоа побрзо ќе се добијат податоците, место да се чека година и пол до две.

XS
SM
MD
LG