Достапни линкови

И Данска забрани носење на бурки


Жена носи бурка. Германија.

Данска стана најновата европска земја која им забрани на луѓето да носат бурки, односно превези со кои се покрива целото лице. Данскиот парламент во Копенхаген денеска со 72 гласа за гласаше во корист на забраната која стапува на сила на 1 август.

Висинината на казната ќе изнесува 160 американски долари, односно 1.600 долари доколку некој по четври пат ја прекрши забраната.

Организацијата за човекови права "Амнести интернешнал" соопшти дека новиот закон е "дискриминаторско кршење на правата на жените." Сите жени треба слободно да се облекуваат како што сакаат и да носат облека што го изразува нивниот идентитет или верување ", се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG