Достапни линкови

Димитров: За решение потребна е одговорност од сите политички фактори


Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров

За прашањето за името, потребна е одговорност од сите политички фактори, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по средбата со претседателот Ѓорге Иванов.

„За ова исклучително значајно прашање за разликата околу името, прашање што не’ влече надолу и ни’ ја попречува иднината повеќе години, потребно е лидерство и највисока одговорност од сите политички фактори. Доколку најдеме начин да го затвориме овој проблем со зачувување на идентитетот и достоинството, сите заедно, ќе бидеме на правата страна на историјата“, рече Димитров.

Министерството за надворешни работи соопшти дека, во рамки на состанокот, Димитров го информирал Иванов за содржината на последните разговори со шефот на дипломатијата на Грција, Никос Коѕијас, во Њујорк и во Брисел.

Претходно денеска претседателот Ѓорѓе Иванов по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров, на која бил усно информиран за спорот со името, го истакна своето незадоволство од тоа како се одвивале преговорите со Грција.

Мојот став е дека не прифаќам решение за прашањето за името за севкупна употреба, или ерга омнес“, рекол денеска македонскиот претседател Ѓорге Иванов на средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

XS
SM
MD
LG