Достапни линкови

Делегација на Северна Кореја се очекува во Вашингтон на 1 јуни


Севернокорејскиот генерал Ким Јонг Чол

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека состаноците меѓу претставниците на Северна Кореја и САД во Њујорк поминале "многу добро" и дека делегација од Пјонгјанг се очекува во Вашингтон на 1-ви јуни за да му пренесе на Трамп писмо од Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. Трамп ова го објави денеска, откако американскиот државен секретар Мајк Помпео се состана со десната рака на Ким, генералот Ким Јонг Чол, во Њујорк, на разговори околу плановите за самитот на САД и Северна Кореја, закажан за 12 јуни во Сингапур.

Трамп претходно го откажа самитот во Сингапур, и меѓу двете страни оттогаш се влошија напорите средбата да се одржи според планираното. Вашингтон бара целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров во замена за одредени економски и безбедносни придобивки за Пјонгјанг.

XS
SM
MD
LG