Достапни линкови

Иванов: Процесот за името наликува на личен договор меѓу Заев и Ципрас


Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов,

Претседателот Ѓорѓе Иванов по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров, на која бил усно информиран за спорот со името, го истакна своето незадоволство од тоа како се одвивале преговорите со Грција.

Како што соопштуваат од кабинетот на Иванов, целиот процес на разговори за разликата околу името наликува на личен договор меѓу премиерот Зоран Заев и премиерот Алексис Ципрас, за што нема обезбедено национален консензус во Република Македонија.

Мојот став е дека не прифаќам решение за прашањето за името за севкупна употреба, или ерга омнес“, рекол денеска македонскиот претседател Ѓорге Иванов на средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Од кабинетот информираат дека на средбата со Иванов министерот Димитров „усно го информирал за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу името, без притоа да приложи каков било писмен документ“.

Претседателот Иванов, пишува во соопштението, на средбата истакнал дека непридржувајќи се кон законските одредби за склучување на меѓународни договори, целиот процес наликува на личен договор меѓу двајцата премиери.

Претседателот Иванов нагласил дека склучување на меѓународен договор треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена.

XS
SM
MD
LG