Достапни линкови

Османи: План 18, продолжение на Планот 3-6-9 додека да почнат преговорите со ЕУ


Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска го презентираше новиот реформски план - Планот 18 пред претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, предводени од евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Планот 18, што сѐ уште е во фаза на усогласување, се очекува да помине на Влада следната недела, по што ќе биде ставен на увид и на експертската јавност и граѓанскиот сектор.

„Планот 3-6-9 создаде солидна основа и подготовка за имплементација на суштинските и долгорочните реформи во насока на приближување на нашето општество со европското, при што, Планот 18 претставува логично продолжение на реформската агенда на Владата за системска координација и следење на имплементацијата на овие реформи“, изјави Османи, додавајќи дека во Планот влегуваат сите забелешки и сугестии нотирани во Извештајот на Европската комисија, а Планот ги зема предвид и насоките кои се содржат во шесте водечки иницијативи на Стратегијата на Европската комисија.

XS
SM
MD
LG