Достапни линкови

Заев: Република Илинденска Македонија не помина ни во Грција ни кај македонската опозиција


Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, рече дека „сме блиску до можно решение на прашањето за името“ и информираше зошто не помина предлогот република Илинденска Македонија.

Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ го праша премиерот зошто беше одбиен предлогот Република Илинденска Македонија, дали е точно дека Владата во разговорите прифатила ерга омнес за кој било предлог во иднина и дали има гаранција дека доколку прифатиме промена на името дека ќе добиеме датум за преговори.

„За да го соопштиме дома решението Република Илинденска Македонија прво јас и Ципрас заклучивме дека ова е вредно да го провериме дома. Значи до толку сме биле усогласени да можеме да влеземе дома и тоа да го провериме. За жал не помина во Грција, но за жал беше одбиена и овде од опозицијата, рече Заев пред пратениците.

XS
SM
MD
LG