Достапни линкови

Обвинителството со нова снимка за нападот на Села на 27 април


Судење на обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села

Една нова дополнително предложена снимка од Основното јавно обвинителство и две веќе емитувани снимки во Кривичниот суд денеска повторно се гледаа на барање на одбраната на рочиштето за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април.

За случувањата на 27 април обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

На почетокот на рочиштето Судот, на предлог на одбраната го дозволи повторното емитување на две снимки од доказите предложени и веќе еднаш гледани пред Судот, со цел утврдување на дел од случувањата во Собранието на 27 април.

На првата снимка се гледа движењето на обвинетите и сведоците во ходникот пред собранискиот прес центар. На втората снимка, пак, се гледаат скалите од пред влезот во Собранието што водат кон просторот пред прес центарот и се нотира движењето на обвинетите.

XS
SM
MD
LG