Достапни линкови

„Титаник“ одложен, Јанкулоска не дојде на рочиштето


Според СЈО, обвинетата Јанкулоска не доставила уредно оправдување за нејзиното отсуство од денешното рочиште

Рочиштето за предметот на СЈО „Титаник“ денеска се одложи за 3 јули, бидејќи обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска не дојде во Судот заради влошена здравствена состојба, односно ризична бременост.

Адвокатката на Гордана Јанкуловска, Сања Алексиќ, достави лекарска потврда за здравствената состојба на нејзината клиентка, но јавната обвинителка Лиле Стефановска рече дека во лекарската потврда не е наведена болеста за што е издадено тоа боледување и нагласи дека не е оправдано отсуството.

Во предметот се обвиненти поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и претходната Влада - Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко...

XS
SM
MD
LG