Достапни линкови

Асад: Бевме близу до директен судир на САД и Русија во Сирија


Во интервју за „Раша тудеј“, сирискиот претседател Башар ал Асад вели дека Москва го одвратила Западот од преземање разорувачки воздушни напади на Сирија минатиот месец и дека Сирија е близу до победа во седумгодишната војна, наспроти „непрекинатото мешање на САД“.

Тој во интервјуто вели дека при последните големи офанзиви во Сирија „ситуацијата била многу близу до директен судир на Русија и САД“.

Асад го нападна Западот на чело со САД, дека го попречуваат во борбата со тероризмот и дека „му носат нови терористи во земјата“.

XS
SM
MD
LG