Достапни линкови

Балканските држави и Австрија заедно против новиот бран имигранти


Земјите од Југоисточна Европа и Австрија водат консултации за блокирање на новиот прилив на имигранти по „балканската рута“, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Австрија Херберт Кикел. Тој по телефонските разговори со неговите колеги од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Косово, Србија и Словенија, австрискиот министер посочи дека се договориле за „оперативен и политички план“. Кикел, кој е од редовите на Партијата на слободата, позната по антиимигрантски ставови, не соопшти повеќе детали.

Портпаролот на високиот комесар на ОН за бегалци Чарли Јаксли изјави дека бројот на мигранти расте, но, потенцира оти новопристигнатите се многу помалку во споредба со кризата од пред две години.

XS
SM
MD
LG