Достапни линкови

Борисов: Русија нема ништо против „Турски тек“ да влезе во Бугарија


Русија нема ништо против да има втора точка за влез на гас од Русија преку „Турски тек“ за Бугарија, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ. Тој додаде дека за време на разговорите, рускиот претседател Путин го информирал дека вчера телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека нема ништо против „Турскиот тек“ да влезе на територијата на Бугарија. Борисов прецизира дека допрва ќе се водат преговори за количеството гас и како да се транспортира во земјите во регионот.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека првиот гасовод на „Турски тек“ е целосно подготвен на дното на Црно Море, додека од вториот остануваат околу 200 километри да се изградат на територијата на Турција. Сепак, тој ја потврди можноста „Турскиот тек“ да влезе на територијата на Бугарија.

XS
SM
MD
LG