Достапни линкови

Тахири: Мисијата на ЕУЛЕКС завршува на 14 јуни


Мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС) се очекува да остане уште извесно време во земјата, но без извршни надлежности, јавува МИА. Косовскиот министер за правда, Абелард Тахири за „ИндексОнлине“ потврдил дека ЕУЛЕКС го завршува мандатот по две недели, а се очекува истиот механизам да ја продолжи работата, но сега со советодавна улога.

“На 14 јуни завршува мандатот на ЕУЛЕКС. Значи, ќе биде надзорен и советодавен механизам за институциите кои ја спроведуваат правдата,” изјавил за приштинскиот портал министерот Тахири.

Претходно, амбасадорите на земјите членки на ЕУ се согласиле за продолжување на советодавниот мандат во Косово.

XS
SM
MD
LG