Достапни линкови

Кина им се закани на САД: Подготвени сме за трговска војна


Кинеските власти денеска им се заканија на САД дека се подготвени за трговска војна, доколку САД продолжат со своите царински политики.

Кинеската најава доаѓа откако американскиот секретар за трговија Вилбур Рос изјави дека САД се уште ја држат отворена можноста за воведување царини на кинескиот увоз во САД вреден 50 милијарди долари.

„Ги повикуваме САД да го исполнат своето ветување и да се сретнат со нас на половина пат, за да имаме заедничко решение. Инаку, Кина ќе преземе решителни и силни мерки да ги заштити своите интереси“, изјави Хуа Чунјинг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG