Достапни линкови

Во „Траекторија“ треба да се преслушаат уште 260 „бомби“


Покрај Никола Груевски, во „Траекторија“ се обвинети и екс-вицепремиерот Владимир Пешевски и екс-министерот Миле Јанакиески

Околу педесетина „бомби“ за договарањето со кинеските власти, „Ексим“ банка и компании околу изградбата на автопатските делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид беа пуштени на денешното рочиште од случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство во Кривичниот суд во Скопје.

За случајот треба да се слушнат вкупно 315 „бомби“.

Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид и нанеле штета на буџетот на државата од најмалку 155.117.172 евра.

XS
SM
MD
LG