Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Фискалната стратегија на власта е загрижувачка


Macedonia - VMRO-DPMNE, logo - N/A

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска предупреди дека „фискалната стратегија на министерството за финансии која го проектира долгот на државата до 2021 година е загрижувачка“.

„Владата на Заев и министерот Тевдовски до 2021 година според нивната фискална стратегија ќе го зголемат јавниот долг на неверојатни 6,1 милијарди евра. Над 6,1 милијарда евра ќе биде долгот на граѓаните до крајот на мандатот на Владата на СДСМ. Заев кога стана Премиер, а Тевдовски министер, долгот на државата беше 4.7 милијарди евра. Значи, за оваа и наредните две години Заев и Тевдовски ќе го зголемат долгот на државата за нови 1.5 милијарди евра. Секое четиричлено семејство до крајот на мандатот на оваа криминална Влада ќе биде задолжено за близу 13.000 евра“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG