Достапни линкови

Иванов реагира дека не бил информиран за преговорите за името


До претседателот Ѓорге Иванов нема доставено информација за договорената рамка за надминување на спорот за името, на која вчера се повика министерот за надворешни работи Никола Димитров, соопштуваат од Кабинетот на Претседателот на Македонија.

„До Кабинетот на Претседателот нема доставено информација за договорената рамка за можно решение на разликата околу името, ниту информации за последните две средби на министрите за надворешни работи во Брисел и во Њујорк“, наведуваат од кабинетот на Иванов.

Според соопштението, до Иванов не бил доставен ниту предложениот пакет за името Република Илинденска Македонија.

Кабинетот на Иванов оценува дека „се врши селективно информирање на македонскиот претседател“.

XS
SM
MD
LG