Достапни линкови

Отворен Јужниот коридор за азербејџански гас до Европа


Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го отвори Јужниот гасен коридор

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денеска официјално го отвори проектот Јужен гасен коридор, кој транспортира азербејџански гас до Европа.

„Овој проект се реализира благодарение на широката меѓународна соработка и ќе придонесе за натамошно зајакнување на односите меѓу земјите учеснички“, рече Алиев.

Тој изрази благодарност до владите на САД, Велика Британија, раководството на ЕУ и меѓународните финансиски институции за постојаната поддршка при градењето на Јужиот гасен коридор.

Според Алиев, Коридорот има важно значење за енергетската безбедност на Европа, за диверзификација на изворите и правците за дотур на јаглеводородни ресурси.

XS
SM
MD
LG