Достапни линкови

ТВ Скај: Седум чекори до конечно решение за името


Доколку премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во клучниот телефонски разговор во следните денови стигнат до решение за името и закажат средба во Преспа за официјализирање на договорот, потоа ќе следат неколку фази до ратификацијата на спогодбата во двата парламента, објавија грчките телевизии Скај и ЕРТ, како и неколку други интернет и печатени медиуми.

-Првиот чекор е премиерот Заев да го донесе договорот во македонското Собрание на изгласување, но не со зголемено мнозинство.

-Откако договорот ќе добие зелено светло од македонските пратеници, -Грција со допис ќе го извести НАТО дека одобрува влез на Македонија во Северно–атлантската алијанса, но под услов да има уставна ревизија.

-На 28 и 29 јуни, на Самитот на ЕУ, на Заев и официјално ќе му биде -доделен датум за почеток на пристапни преговори на Македонија со унијата.

-На 11 и 12 јули ќе следува официјална покана за влез во НАТО на Самитот во Брисел.

-Во септември или октомври, во Македонија ќе се одржи референдум за новото име.

-По референдумот, македонското Собрание со двотретинско мнозинство ќе треба да одобри уставна ревизија.

-Откако ќе се заврши со референдумот и ревизијата на Уставот во Македонија, договорот ќе стигне во грчкиот Парламент на ратификација.

XS
SM
MD
LG