Достапни линкови

Анкета на МЦМС: Граѓаните поделени околу работата на Владата


Влада на Република Македонија.

На прашањето „дали сте задоволни од работата на новата Влада во изминатата година“, 16 ипол отсто од испитаниците одговориле дека се „целосно задоволни“, 32,5 отсто „донекаде задоволни“, 12 отсто дека се „донекаде незадоволни“, 35,4 отсто „воопшто незадоволни“ се вели во резултатите на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Прашани за тоа во која насока се движи ситуацијата во земјата изминатата година со работата на Владата, 36,8 отсто одговориле дека се движи во „негативна насока“, 35,1 отсто во „позитивна насока“, за 22,4 отсто „ситуацијата е иста“, а 5,7 отсто одговориле со „не знам“.

Според резултатите од анкетата, 36,3 отсто од испитаниците одговориле дека Владата изминатите 12 месеци најмногу внимание посветила на „името“, 22,4 отсто на „ЕУ/НАТО интеграции“ и 3,9 отсто на „надворешна политика“.

XS
SM
MD
LG