Достапни линкови

Хрватска одби да екстрадира Босанец осомничен за убиство


Илустративна фотографија.

Врховниот суд на Хрватска одби екстрадиција на босански државјанин кој го бара Тунис за негово наводно учество во убиство на Тунижанец, за кој палестинската група Хамас вели дека е нејзин член. Судот денеска соопшти дека Тунис не успеал да обезбеди гаранции дека уапсениот Босанец Елвир Сарац, ако биде предаден дека нема да биде изложен на можна смртна казна.

„Нема сомнеж дека осомничениот е обвинет за едно од најтешките злосторства, но кога постои ризик од осуда на смртна казна не може да биде дозволена екстрадиција“, соопшти судот.

XS
SM
MD
LG