Достапни линкови

Поранешни претседатели загрижени за растечките тензии меѓу Полска и Украина


Илустрација: Знамиња на Полска и Укрианиа.

Пет поранешни претседатели од Полска и Украина издадоа заедничка жалба за помирување меѓу нивните земји, во услови на растечки национализам и провокации од Русија со кои се затегнаа нивните односи. Поранешните претседатели изразија загрижување за тензиите, велејќи оти сега е потребно единство со оглед на „предизвикот на руската агресија во Украина.“

Жалбата денеска беше презентирана на прес-конференција во Варшава од страна на двајца поранешни полски претседатели Александар Квашњевски и Бронислав Коморовски. Исто така таа беше потпишана од страна на поранешните украински претседатели Леонид Кравчук, Леонид Кучма и Виктор Јушченко.

Полска со години е еден од најсилните поддржувачи во ЕУ и НАТО за доведување на Украина во западниот блок, позиција која ја разлутуваше Москва. Но, полско-украинските односи беа затегнати неодамна поради несогласувња вкоренети во историските неправди.

XS
SM
MD
LG