Достапни линкови

Рот повика на мирно решение за името, без пречки


Архива: Државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот.

Германскиот државен министер за европски работи Михаел Рот изрази поддршка за преговарачкиот процес помеѓу Скопје и Атина и повика на мирно решение, без пречки. Рот учествува на денешниот совет за надворешни работи на ЕУ, а рече дека денеска повторно се сретнавле со македонскиот министер Димитров, заблагодаувајќи се за постојаните преговори помеѓу двете земји.

„Подготвени сме да дадеме секаква поддршка за решение на името. Ги повикуваме сите да не спречуваат изнаоѓање на мирно решение. Се работи за стабилност и мир во целиот регион и европската перспектива е најдобрата алатка за да нашите принципи бидат земени предвид. Надминувањето на спорот за името е многу важна точка, оптимист сум за следните денови“, изјави Рот.

XS
SM
MD
LG