Достапни линкови

На 31 мај главна расправа за предметот на СЈО „Титаник“


Архива: Поранешниот премиер Никола Груевски во Кривичниот суд во Скопје на судењето за случајот Титаник

Главната расправа за предметот на СЈО „Титаник“ е закажана за 31 мај, откако во Кривичниот суд денеска воведни говори дадоа останатите адвокати на одбраната и дел од обвинетите кои се повикаа на помилувањето на претседателот Ѓорге Иванов.

Во предметот обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришковска Бошковски, Илија Димовски, Манур Пепиќ, Еднонд Темелко и други.

Тие се обвинети од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Адвокатите во повеќе наврати посочија дека се соочуваат со контрадикторно обвинение и дека ќе докажат за апсурдноста на наводниот мотив на обвинетите. Одбраната рече дека ќе докажат дека обвинетите на превземале никакви дејствија за обвинението злосторничко здружување.

Поранешниот премиер Никола Груевски рече дека ова обвинување и сите други се со цел да се направи политички геноцид на една политичка партија, која легитимно ја водела државава со поддршка на голем број граѓани.

„ВМРО-ДПМНЕ ги добиваше сите избори од 2005-2016 со огромна разлика во гласовите и сите беа набљудувани од странски организации. Аспурдно е да бидам обвинуван“, рече Груевски.

XS
SM
MD
LG