Достапни линкови

Исламистичката Худа-пар ќе го поддржи Ердоган на претседателските избори


Курдската исламистичка партија Худа-пар соопшти дека на претседателските избори во Турција ќе го поддржи претседателот Реџеп Тајип Ердоган, јави турската телевизија НТВ.

На 24 јуни во Турција ќе се одржат предвремени претседателски, но и парламентарни избори на кои сунитската исламистичка партија Худа- пар ќе учестува со свои кандидати и свое лого.

Високата изборна комисија на Турција дозволи учество на изборите на вкупно 11 партии.

XS
SM
MD
LG