Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ бара итно укинување на акцизата на горивата


Инфлацијата тропа на врата, вели Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Инфлацијата тропа на врата, гледаме дека секој ден се зголемуваат цените на бензините и на дизелот, а од друга страна имаме ситуација во која што се зголеми акцизата од 3,5 денари од страна на оваа влада на Зоран Заев и Драган Тевдовски и таа трае веќе со месеци. Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ веднаш, неодложно бара од владата и од СДСМ да се укине акцизата со зголемување на цената на дизелот и неговите деривати која што ја наметна Владата на Македонија, побара денеска Владимир Ѓорчев, во име на неговата ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG