Достапни линкови

Џолев: Кривичните постапки најчесто се решаваат за најмногу две години


Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, на денешната средба со новинарите, оцени дека кривичните постапки во принцип најчесто се решаваат за најмногу две години.

„Во 2015 година се покренати 88 постапки од кои 67 се решени во првата година, во 2016. се решени 13, во 2017. седум, а во 2018 година една. Во 2016 година имало 86 предмети од кои 55 се завршени во тековната година, во наредната 2017. се решени 16, а во 2018-та пет. Остануваат уште 10 кои се во постапка. Во 2017 година се покренати вкупно 43 постапки, меѓу кои од јуни и постапките поднесени од СЈО. Истата година се завршени 18, а во првите шест месеци од годинава уште девет предмети. Останува да се разгледаат уште 16“, рече Џолев.

Од вкупно покренати 34 постапки за злоупотреба на службената положба во 2014 година, додаде, за 20 се изречени затворски казни, за 12 условни, за една ослободителна пресуда, а за една е запрена постапката.

XS
SM
MD
LG