Достапни линкови

Кремљ: Ќе одговориме на ширењето на силите на НАТО кон Русија


Рускиот премиер Дмитри Медведев, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков и рускиот претседател Владимир Путин

Москва е подготвена да одговори на зголемувањето на силите на НАТО кон границите на Русија, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, коментирајќи го предлогот на Полска на нејзина територија да се изгради постојана американска воена база.

„Генерално кога силите на НАТО се приближуваат до нашите граници, тоа сигурно не придонесува за безбедност и стабилност на континентот на кој било начин. Спротивно на тоа, тие чекори на проширување сигурно ќе резултираат со контрамерки од руска страна за да се избалансира односот што со тоа се нарушува“, изјави Песков.

Според него, американска воена база во Полска е суверена одлука, но последиците по безбедноста на целиот континент се евидентни. Полска сака постојана американска база на своја територија и подготвена е да плати две милијарди долари за тоа да го оствари, пишува полскиот портал „Онет“, кој имал увид во тој предлог на полското Министерство за одбрана.

XS
SM
MD
LG