Достапни линкови

Германија бара крај на трговскиот спор со САД


Петер Алтмаер, германскиот министер за економија, денеска изјави дека Германија бара да се стави крај на трговскиот спор со САД.

Според Алтмаер, комесарката за трговија на Европската Унија Сесилија Малстром и американскиот секретар за трговија Вилбур Рос ќе се сретнат во Париз во текот на неделава, на маргините на самитот на организацијата за Економска соработка и развој, и ќе разговараат за трговскиот спор кој изби откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за увоз на челик и алуминиум.

„Мораме да избегнеме повисоки давачки“, изјави Алтмаер. Трамп воведе давачки од 25 проценти за увозот на челик и 10 проценти за увозот на алуминиум во САД, потег на кој ЕУ жестоко се спротиставува.

XS
SM
MD
LG