Достапни линкови

Конте не успеа да состави влада на Италија


Џузепе Конте

Мандатарот за состав на нова италијанска влада Џузепе Конте синоќа му пренел на претседателот на Италија Серџо Матарели дека не успеал да формира влада и му го врати мандатот. Проблемот настанал откако лидерот на десничарската Лига Матео Салвини инсистирал министер за економија во новата влада да биде евроскептичниот Паоло Савона, кој го отвори прашањето за можно излегување на Италија од еврозоната, додека Матарела е цврсто проевропски настроен.

XS
SM
MD
LG