Достапни линкови

Шпанските служби спасиле 400 мигранти


Илустрација: Спасување мигранти

Шпанската поморска спасувачка служба соопшти дека викендов спасила 400 мигранти кои се обидувале да го преминат Средоземното Море од Северна Африка. Службата соопшти дека спасувачките бродови денеска пресретнале 115 мигранти во пет мали бродови во Гибралтарскиот Теснец, а вчера извлекле 293 мигранти од девет бротчиња.

Шпанија е трета земја по прилив на мигранти во Европа, далеку зад Италија, но скоро колку Грција.

Десетици илјади африкански мигранти секоја година тргнува на опасно патување кон Шпанија и другите земји во јужна Европа, преминувајќи го Средоземното Море во бродови на криумчари. Многу од овие бродови не се соодветни за патување во отворени води и илјадници мигранти се дават.

Според Меѓународната организација за миграции, минатата години по морски пат во Шпанија стигнале над 22 илјади луѓе, скоро три пати повеќе отколку во 2016 година.

XS
SM
MD
LG