Достапни линкови

Удар на гром предизвика пожар во автобус во Грција


Илустрација: Архивска фотографија

Гром удри во меѓуградски автобус во североисточна Грција, предизвикувајќи пожар од кој возилото целосно изгорело, соопшти противпожарната служба на грчкиот град Алескандрополис. При инцидентот нема жртви, бидејќи сите присутни во автобусот веднаш го напуштиле возилото. Во автобусот имало двајца возачи и 12 патници.

Во гаснењето на огнот учествувале 18 пожарникари со шест противпожарни возила.

XS
SM
MD
LG