Достапни линкови

Четворица руски војници загинаа во Сирија


Илустрација: Руски војници во Сирија

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека четворица руски војници биле убиени од милитанти во источната провинција Даир ез-Зор во Сирија.

Во соопштението се додава дека петмина други руски војници биле ранети за време на инцидентот кој се случил кога, како што се наведува, неколку мобилни терористички групи ноќе ги нападнале сириските владини сили.

Од Министерството, исто така, велат дека во инцидентот се убиени и 43 милитанти.

Русија во Сирија се бори на страната на сирискиот претседател Башар ал Асад. Сириските опозициски групи сè уште контролираат делови од северозападна и југозападна Сирија, додека сојузот предводен од Курдите, поддржани од САД, го држат најголемиот дел од североисточниот дел.

XS
SM
MD
LG