Достапни линкови

„Газпром“ и Турција ќе ја градат копнената траса од „Турски тек“


Рускиот енергетски гигант „Газпром“ соопшти дека потпишал протокол со Владата на Турција за изградба на копнената траса од гасоводот „Турски тек“.

Во соопштението се посочува дека вчера потпишаниот протокол претставува основа за почеток на изградбата на копнената фаза од гасоводот на турска територија.

Преку гасоводот „Турски тек“, кој се појави како алтернатива по пропаѓањето на проектот „Јужен тек“, треба да дистрибуира гас за потрошувачите во Турција, со можност за негово продолжување и кон останатите балкански земји.

„Турски тек“ треба да почнува од источниот брег на Црното Море по морското дно до северозападна Турција, а потоа да продолжува по копнен пат.

Анкара досега го одлагаше издавањето одзвола за градба на копнената траса од гасоводот, поради спорот околу цената на рускиот гас дистрибуиран за Турција.

Соопштението на „Газпром“ следи откако вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека Анкара и Москва постигнале договор за корекција во цената на дистрибуираниот руски гас за 2015 и 2016 година, со што Русија на Турција ќе ѝ врати една милијарда долари.

XS
SM
MD
LG