Достапни линкови

Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите


Бејл го постигнува вториот гол за Реал со „ножички“

Со победата против Ливерпул од 3-1 на Олимпискиот стадион во Киев, Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите. Реал поведе со голот на Карим Бензема, но Ливерпул израмни преку Садио Мане. Герет Бејл со два гола во второто полувреме го запечати резултатот за трета по ред, а вкупно 13 титула на Реал Мадрид.

Ливерпул одигра поголем дел од мечот без најдобриот стрелец Мохамед Салах кој се повреди по еден дуел со капитенот на Реал, Серхио Рамос.

XS
SM
MD
LG