Достапни линкови

Повторно отворено метрото во Киев по лажната закана за бомба


Олимпискиот стадион во Киев

Петте метро станици во Киев повторно се отворени, откако беа затворени поради предупредување за поставена бомба во пресрет на финалето од Лигата на шампиони кое вечерва се игра во главниот град на Украина. Не била пронајдена никаква опасна направа во метрото.

Предупредувањето за поставена бомба доаѓа во време кога илјадници навивачи на Реал Мадрид и на Ливерпул се собираат во Киев во пресрет на натпреварот кој се игра вечерва во 20:45 на Олимпискиот стадион во Киев.

XS
SM
MD
LG