Достапни линкови

Два милиони Авганистанци ќе останат без леб поради сушата


Илустрација

Најмалку два милиони луѓе се изложени на ризик од голем недостиг на храна по катастрофалната суша во Авганистан, соопшти Канцеларијата на координаторот за хуманитарни прањата на ОН.

Најтешко погодени се северен и западен Авганистан каде што сеидбата на пченица е или одложена или намалена, главно поради недостиг од врнежи од дожд и снег зимоска.

Поради сушата, 21 илјади луѓе се иселиле од нивните домови во провинциите Бадгес и Гор.

„Околу 1,5 милиони овци и кози во североисточните региони се мачат да најдат храна, а повеќе од 600 од 1.000 села страдаат од недостиг од вода“, се наведува во извештајот на ОН.

Половина од 30 милиони жители на Авганистан живеат од земјоделство.

ОН соопштија дека на Авганистан итно му требаат 115 милиони долари за да обезбеди храна и засолниште за оние погодени од сушите.

XS
SM
MD
LG