Достапни линкови

Нимиц: Се уште нема конечно решение, двете страни се одлучни да го најдат


Никола Димитров, Никос Коѕијас и Метју Нимиц - Втор ден од преговорите за спорот за името во Њујорк

" Се уште нема конечно решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција, но двете страни се одлучни да продолжат да работат се додека не се пронајде, изјави кусо денеска во Њујорк медијаторот на Обединетите нации во преговорите меѓу двете земји Метју Нимиц, по разговорите со шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕијас.

" Како што знаете имавме средба вчера и денеска, разговаравме еден и пол ден. Можам да кажам дека многу работевме. Прашањата се добри дефинирани, прецизирани. Можам да кажам дека ова беа преговори на кои многу работевме", рече Нимиц, по завршувањето на состанокот со двајцата министри.

Медијаторот истакна дека Димитров и Коѕијас заминуваат за Брисел, каде ќе продолжи дијалогот и додаде дека иако се уште нема конечно решение двете страни се подготвени напорно да работат за да го најдат.

" Преговорите се значително интензивирани, како што рекоа двете страни имаат важни позиции, во прашање се националните интереси. Двете страни ја препознаваат важноста од постигнување решение и се одлучни да го сторат тоа", додаде Нимиц.

Димитров и Коѕијас вчера речиси шест часа разговараа со медијаторот Нимиц, а денеска преговорите траеја околу два часа

Претходно во пресрет на разговорите министерот без ресор и портпарол на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос изјави дека Ерга омнес, уставна ревизија и име од предлозите на Нимиц се темите на преговарачката маса.

Во интервју за грчката телевизија „Скај“, тој рече дека постојат политички и технички предуслови за договор.

Пред новата рунда разговори во Њујорк, грчкиот премиер Алексис Ципрас изјви дека за Грција ќе биде голема победа ако има одредница пред името.

Вчера пред средбата , Димитров и Коѕијас одржаа посебни средби со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на кои се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на Светската организација.

Македонската страна пред средбата во Њујорк изјави дека останува на ставот дека Република Илинденска Македонија е добар предлог за конечно решение, додека грчката го отфрли предлогот и нагласи дека преговараат врз основа на четирите имиња од пакетот - предлози од Нимиц.

XS
SM
MD
LG